Изјавите за опасно приближување на авиони на стратешката авијација на Русија до авион на цивилното воздухопловство претставуваат најмалку плод на имагинацијата на Исланд - летот на руските авиони Ту-160 се одвиваше во согласност со меѓународните правила, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.
Медиумите претходно соопштија, повикувајќи се на исландски пилоти дека два руски авиони Ту-22М на 22 септември се приближиле до патнички авиони кој летал од Рејкјавик за Стокхолм. Подоцна МНР Исланд соопшти дека имало три авиони и дека тоа биле бомбардери Ту-160.
„Изјавите на исландските пилоти и дипломати за наводно опасно приближување на руски стратешки авиони до патнички авион над водите на Норвешкото Море не се ништо друго освен плод на нивната имагинација“, рече Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
„Неоснованоста на обвиненијата ја потврдува и конфузија во изјавите на исландските дипломати и пилоти за видот и бројот на руските авиони кои наводно ги виделе. Таквите спинувања, како што веќе нагласивме во неколку наврати, служат за да се искористи секоја можност за разгорување на русофобијата во Европа“, рече портпаролот на МО РФ.
Според генералот, руските стратешки бомбардери Ту-160 вршеле задачи во согласност со планот за воздушно патролирање над североисточниот дел на Атлантскиот Океан.
Руските авиони со вклучени транспондери летаа на маршрутата предвидена за патролирање на значително и безбедно растојание од цивилните авиони и не преминуваа преку воздушни траси, а на неколку делници од рутата беа придружувани од ловци на воздухопловните сили на НАТО.
Конашенков нагласи дека авионите летале над водите на Баренцовото и Норвешкото море строго почитувајќи ја меѓународната регулатива во воздушниот простор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче