„Ако гледаме во историски контекст, во варвари спаѓале и келтските и словенските племиња. Затоа Саманта Пауер нема право без да се смета една од нив. Ако зборуваме за историски паралели, тогаш Саманта Пауер вторпат не во право, затоа што варварин е оној кој не ѝ припаѓа на империја, а таа денеска е само една, и тоа не е Русија“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
„Од гледна точка на фигуративноста, Саманта Пауер не е во право третпат, затоа нема ништо повеќе варварско од Ирак и Либија во исполнение на Вашингтон како што светот во најновата историја не видел“, додава таа.
„Но Вие, Саманта, не запирате: колку повеќе зборувате за тоа, толку помалку работа има „кремљовската пропаганда“, напиша портпаролот на МНР Русија.
„А сега сериозно. Причините за оваа „Саманта Барбара“ , во која Американците го претвораат Советот за безбедност, се две. Првата. Вашингтон не може да ги исполни преземените обврски за одвојување на терористите и „умерените“. Втората. На Вашингтон му треба да го одвлече вниманието од истрагата на своите напади врз Деир-ез-Зор“, објаснува Захарова.
На тој начин Захарова ја коментираше изјавата на Пауерс, која ги спореди дејствијата на Русија во Сирија со варварство, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.