Тинејџер од Новоросијск преживеа пад од 23 кат, а ударот го ублажил покривот на такси возило „Рено Логан“ кое било паркирано пред зградата, соопштија од прес-службата на регионалната сообраќајна полиција.
Очевидците на социјалните мрежи соопштуваат дека 16-годишното момче во саботата наводно вежбало на 23 кат од зградата во улицата „Беловешска“ во Кировскиот реон, меѓутоа паднал врз покривот на такси возилото кое стоело пред зградата. Момчето се здобило со бројни повреди и било пренесено со брза помош во клиника.
„Во овој момент неговата состојба е стабилна. Истрагата е во тек, сите материјали се предадени на Истражниот комитет“, соопшти прес-службата на медицинската установа.
Подоцна се утврди дека тинејџерот сакал да остави впечаток пред својата девојка. Тој ја прескокнал оградата на терасата, се фатил за оградата и висел, но не успеал да се задржи и паднал врз таксито, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче