Русија може да добие хиперсонично оружје веќе на почетокот на следната деценија, соопшти генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ Борис Обносов во интервју за весникот „Комерсант“.
„Мислам на почетокот на следната деценија“, одговори Обносов на прашањето за можните рокови за појава во Русија на хиперсонично оружје.
Според него, развојот на хиперсоничните ракети може да има огромен позитивен ефект врз сите гранки на науката, вклучително и во аеродинамиката, компјутерските методи производството на мотори.
Обносов истакна дека во моментов корпорацијата има блиска соработка за хиперсонични проекти со РАН. Покрај тоа, се реализираат и низа проекти со Фондот за перспективни истражувања при Воено-индустриската комисија, додаде генералниот директор.
Во корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“, основана во 2002 година, влегуваат основните руски производители на нестратешки ударни ракетни системи, ракетите „воздух-воздух“ и некои други видови вооружување, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче