Захарова до британското МНР: Наместо Сирија, напишете Ирак

Марија Захарова од руското МНР одговори на обвинувањата на британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон во врска со Сирија.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон повторно ја обвини Русија за продолжување на војната во Сирија и за влошување на ситуацијата во земјата, по што портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својата страница на „Фејсбук“ одговори дека тие обвинувања е умесно да се употребат на адреса на Лондон, имајќи ја предвид војната во Ирак.

Шефот на британското МНР во интервју за Би-Би-Си изјави дека Русија е „виновна за продолжувањето на војната (во Сирија – заб. на ред.) и што ја прави поужасна“.

„Сѐ е точно, освен два збора: наместо „Русија“ треба да се стави „Велика Британија“, а наместо „Сирија – Ирак“, напиша Захарова.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња