Властите на Крим му заблагодарија на Киев за блокадата

Првиот вицепремиер на Крим Михаил Шеремет им изрази благодарност на украинските власти за блокадата на увоз на прехранбени производи.

„Ние успеавме во краток рок да го преориентираме нашиот бизнис кон копнениот дел на Русија, згора на тоа, почнавме да го развиваме нашето земјоделство, своето производство кое се разви многу побрзо благодарение на тоа што тие ја организираа таканаречената блокада“, објасни тој.

Шеремет исто така истакна дека единственото постигнување на организаторите на блокадата стана уништувањето на земјоделството во Херсонската област, од каде на пазарите на Крим традиционално се испорачуваше овошје и зеленчук.

Коментирајќи го вчерашниот марш на границата со Крим, тој изрази увереност дека неговите учесници се „деградираат пред очите на сите“. „Тоа се дегенерици, ние со жалење се однесуваме спрема нив, со разбирање не можам, затоа што не сум лекар. Тие се радуваат, организираат неразбирливи празници. Мислам дека може да им помогне единствено клиника за психијатрија. Тие организираат празници од пакост – тоа е деградација, последен стадиум“, рече Шеремет, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња