Пушков: Пауерс може да стане портпарол на ИДИЛ

Претседателот на Комитетот на Државната Дума за меѓународни односи ги коментираше зборовите на постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауерс која изјави дека ударите на Русија врз терористите во Сирија се варварство.

Пауерс ги нарече ударите на Русија врз терористите во Сирија „варварство“. По ова ИДИЛ слободно може да ѝ го предложи местото на свој портпарол!“, напиша Пушков на својот профил на „Твитер“.

Претходно во текот на вонредната седница на СБ ООН за Сирија, специјалниот претставник на САД во ОН Саманта Пауерс изјави дека руската војска во Сирија поддржува смртоносен режим кој извршува варварски акции.

„Она што Русија го поддржува и прави не е борба против тероризмот, туку варварство“, изјави Пауерс. Според неа, Вашингтон и сојузниците се заинтересирани за ослободување на Сирија од терористите. „Тие им се закануваат на сите наши граѓани, затоа САД и се наоѓаат на чело на коалицијата од 67 земји“, рече Пауерс, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња