Порошенко во интервју за Си-Ен-Ен се пожали на руските медиуми

Порошенко се жали на руските медиуми.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за Си-Ен-Ен ги нарече руските медиуми една од главните закани за Украина и Европа и смета дека телевизијата РТ е многу поопасна за европските земји отколку за САД.

„Како што знаете, спонзорираниот од Русија канал „Русија денес“ (Russia Today) го гледаат во САД. И тој е во пакетот на секоја кабелска мрежа. Тоа не е толку опасно за САД, која спроведува политика на спротивставување (на тие ставови). Но во Европа или Украина руските мас-медиуми, спонзорирани од Русија, социјалните мрежи, политичките партии, за задача имаат дестабилизација, уништување на Европа. Тие сакаат да ја вратат ситуацијата обратно кон билатералните односи со НАТО“, се пожали Порошенко во интервјуто.

Претседателот на Украина исто така изјави дека тој многупати го покренувал прашањето за спротивставување на Русија во информативната сфера во разговорите со европските лидери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња