Американскиот ловец F-16 нема да може да му конкурира на рускиот ловец од петта генерација Т-50 (проектот ПАК ФА), тако што може да се зборува за почеток на крајот на F-16, пишува магазинот „Национален Интерес“.
„Слабо забележливата конструкција на ПАК ФА значи дека F-16 нема да може дури ни да го забележи непријателот пред да сфати дека станал мета на наведувана ракета чиј дострел е поголем од границата на видливоста“, пишува „Национален Интерес“.
Се истакнува дека F-16 може да биде добар во борбени услови со среден интензитет и против противници во воздух кои се помалку технолошки напредни.
Меѓутоа, никаква модернизација на постојните модели на американски авиони не може да ги направи конкурентни на Т-50.
„Единствено можно решение е да се направи нов авион“, истакнува магазинот и додава дека F-16 не може да се носи ни со кинескиот J-20.
Освен тоа, во Америка F-35 го исфрла од употреба ловецот F-16. Меѓутоа, се напоменува дека во реализацијата на програмата F-35 постојат одлагања, што значи дека F-16 ќе се користи подолго од планираното.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче