Русија треба да докаже дека е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за да се спаси дипломатското решение во Сирија, се вели во заедничката изјава на ЕУ, Франција, Италија, Германија, САД и Велика Британија, пренесува „Интерфакс“.
„Катастрофалните настани во Сирија оваа недела го нагласуваат она што го дискутиравме некое време: Русија треба да докаже дека е подготвена и има намера да преземе вонредни мерки за спасување на дипломатските напори насочени кон обнова на режимот на прекин на огнот, да се обезбеди непречен хуманитарен пристап и да се создадат неопходните услови за продолжување на преговорите под покровителство на ООН за политичкиот процес во земјата“, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Италија, САД, Франција и Високиот комесар на ЕУ објавено во саботата, 24 септември.
Петорката заедно со Високиот комесар на ЕУ ја повикаа Русија да преземе вонредни мерки за да се врати довербата кон нивните напори, вклучително и преку прекин на неселективните бомбардирања од страна на сирискиот режим врз сопствениот народ, кои постојано и грубо ги поткопуваат напорите за ставање крај на војната.
„Бараме најбрзо проширување на хуманитарниот пристап до сите делови на Сирија, вклучувајќи ги и оние кои се вклучени во листата на приоритети на ОН, и жалиме поради одлагањето и пречките за крајно потребната хуманитарната помош за сирискиот народ, кои првенствено ги прави сирискиот режим“,се вели во изјавата.
„Целосно ја поддржуваме истрагата на ООН за употребата на хемиско оружје во Сирија и сме фокусиран на преземање дополнителни мерки како одговор на овие акции“, се истакнува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче