„Ние не се натпреваруваме за да играме воена улога во Сирија. Очигледно, никој не го сака тоа“, изјави Зариф, говорејќи во Советот за меѓународни односи (Council on Foreign Relations) во Њујорк, пренесува РИА „Новости“.
Министeрот истакна дека дејствијата на групата „Исламска држава“ во Сирија претставуваат „сериозна и реална“ закана како за Русија, така и за Иран.
„Мислам, имаме исти цели. Очигледно е дека двете земји немаат потполно идентични идеи, но тие се слични. Тоа е борбата со тероризмот, ИД, „Ан-Нусра“. Сигурен сум, Русија е заинтересирана да донесе мир и прекин на борбените дејствија“, додаде шефот на МНР Иран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче