Балтичките земји ги надминуваат државите од Европската унија според изучувањето на рускиот јазик во училиштата. Изучувањето на англискиот јазик меѓу летонските ученици е како и во другите земји на ЕУ, се вели во извештајот на Евростат, објавен во саботата по повод претстојниот Ден на европскиот јазик, пренесува РИА „Новости“.
„Просечно во општообразовните школи во Литванија англискиот јазик го изучуваат 97% од учениците, а рускиот јазик – секој втори од тројца ученици (66,7%), практично такви се и резултатите за изучување руски во Латвија (60%) и Естонија (65%)“, се вели во извештајот.
Во целата Европска унија, по англискиот јазик, втор популарен јазик е францускиот, кого го изучува една третина од европските ученици.
Покрај земјите во балтичкиот регион, рускиот јазик останува популарен во Словачка - 21%, во Бугарија - 18%, во Чешка - 12%, во Полска - 7,4%. Во повеќе од половина земји во ЕУ рускиот јазик го изучуваат помалку од 1% ученици.
Денот на европскиот јазик се одбележува на 26 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче