Русија има резерви за финансирање на дефицит буџетот за наредните три години, изјави министерот за финансии Антон Силуанов.
„Навистина, треба да сфатиме дека од балансираниот буџет зависат даноците, инфлацијата, каматите, односно сѐ што значи водење бизнис. Буџетот за наредните три години е формиран токму поаѓајќи од тоа дека на нашите претприемачи треба да им гарантира дека нема да внесе дисбаланс ни во финансиите, ни во економијата“, изјави Силуанов на Московскиот финансиски форум.
Според него, владата во најскоро време ќе го разгледа буџетот.
„Ќе го намалиме дисбалансот што го имавме поради тоа што дел од приходите од гас и нафта се намали за една третина. Тоа е шок за буџетот. Тоа го можеме само благодарение на оние резерви што ги створивме кога министер за финансии беше Алексеј Кудрин”, изјави министерот, пренесува РИА „Новости”.
„Токму благодарение на ова „сигурносно перниче“ успеавме да поминеме три години и уште имаме доволно резерви за околу три години, имајќи предвид дека во наредниот период ќе ги користиме помалку, а планираме и нивно надополнување“, истакна министерот.
Силуанов во август, по двомесечна пауза, повторно одобри трошење на средства од Резервниот фонд. За ребаланс на буџетот се издвоени 390 милијарди рубли, така што големината на фондот за еден месец се намали за 18% (на 2,1 трилиони рубли), а во долари за 15,7% (на 32,2 милијарди).
Обемот на Фондот за национална благосостојба во август, според податоците на Министерството за финансии, во долари е зголемен за 0,7% (достигнувајќи 72,71 милијарди долари), додека во рубли се намали за 3,6% (и изнесува 4,719 трилиони рубли).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче