САД го објавија текстот на договорот со Русија за Сирија

По агенцијата „Асошиејтед Прес“, и Стејт департментот го објави текстот на договорот меѓу Русија и САД за Сирија.

„САД и Русија, како копретседавачи со Меѓународната група за поддршка на Сирија, презедоа дипломатски напори кои беа наменети да придонесат за целосен општонароден прекин на огнот чии резултати првично беа објавени на 22 февруари. Како резултат на тие напори двата копретседавачи ја осигураа спогодбата во форма на договори, потпишани на 15 јули и 9 септември“, се истакнува во објаснувањето на Стејт департментот, пренесува „Взгљад“

Тие напори се наменети за да се „скрати насилството во Сирија, да се обнови испораката на хуманитарна помош и за борба со тероризмот“, истакнува надворешнополитичкиот ресор на САД.

Стејт департментот претходно изјави дека планира да го коментира објавувањето во медиумите на дел од договорот меѓу РФ и САД за Сирија.

Претходно агенцијата „Асошиејтед Прес“ го објави текстот на договорот меѓу Русија и САД за Сирија. Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова изјави дека објавувањето на текстот на договорот во медиумите како резултат на протекување, а не на сајтовите на МНР Русија или на Стејт департментот одговара на стилот на американските партнери. Таа исто така потсети дека објавениот документ е само еден од петте во пакет-договорот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња