Русија ја претекна Саудиска Арабија по производство на нафта

Русија во јули ја претекна Саудиска Арабија според обемот на производство на нафта, произведувајќи просечно 10,597 милиони барели дневно, сведочат податоците на „Росстат“.

Саудиска Арабија во јули произведувала 10,477 милиони барели нафта дневно. Во јуни таа била пред Русија: според коригираните податоци на „Росстат“, производството во Саудиска Арабија изнесувало 10,447 милиони барели на ден, а во Русија – просечно 10,136 милиони барели.

Во целина земјите од ОПЕК во јули произведуваа 33,106 милиони барели дневно, од нив Ирак - 4,320 милиони барели.

Обемот на нафта и гасен кондензат во Русија во периодот јануари-јули изнесува 148,5 милиони тони. Производството на нафта, вклучувајќи гасен кондензат во Русија изнесува 318,5 милиони тони, што е за 2,8% повеќе во однос на периодот јануари-јули 2015 година.

Уделот на извозот на нафта во вкупниот обем на рускиот извоз изнесува 25,8% во периодот јануари-јули, во извозот на енергетска стока - 44% (во периодот јануари-јули 2015 година, односно, 26,9% и 41,3%).

Во јули 2016 година просечната фактичка извозна цена на нафтата беше 311,3 долари по тон (0,6% раст во јуни). Цената на нафтата Урал светскиот пазар беше 318,1 долари по тон (6,3% намалување до јуни), пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња