Приднестровје: Сѐ зависи од можностите на Русија

Присоединувањето на Приднестровје кон Русија зависи само од можностите на Русија, изјави претседателот на Приднестровје Евгениј Шевчук.

Ситуацијата со присоединувањето на Приднестровје кон Руската Федерација зависи од можностите на Русија, изјави претседателот на Приднестровје Евгениј Шевчук на прес-конференцијата во МИА „Русија денес“ (Россия сегодня).

„Решението на ова прашање се наоѓа во политичка сфера, се наоѓа во сферата на донесување соодветна политичка одлука од страна на надлежните органи. Ние, Приднестровците, ја донесовме за себе таа одлука на референдум. Таа е очигледна, транспарентна, отворена. Резултатите од тој референдум, како што знаете, ги разгледуваше Државната Дума на РФ и дури и беше усвоена соодветна декларација за тоа дека постапката беше транспарентна и луѓето доброволно учествуваа во референдумот“, изјави тој, одговарајќи на прашањето за надежите на Приднестровците да се присоединат кон Русија.

„Ние разбираме дека тоа движење може да биде заемно, затоа што таква е општорегионалната ситуација. Во тој дел Приднестровје се стреми кон присоединување, но тоа зависи од можностите на самата Русија и ние ги имаме предвид и тие особености меѓу другото“, додаде Шевчук, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња