Москва загрижена поради можните испораки на американско оружје на Киев

Вчера Конгресот на САД го одобри предлог-законот „За стабилност и демократија во Украина”, кој предвидува заострување на санкциите против Русија и дозволува испорака на смртоносно оружје на Украина.

Можноста за испорака на смртоносно оружје на Украина ги крши меѓународните обврски на САД, изјави за РИА „Новости” директорот на Одделението за прашања за неширење и контрола на вооружувањето при Министерството за надворешни работи на Русија Михаил Уљанов.

Вчера Конгресот на САД го одобри предлог-законот „За стабилност и демократија во Украина”, кој предвидува заострување на санкциите против Русија и дозволува испорака на смртоносно оружје на Украина.

Според Уљанов, оваа одлука предизвикува загриженост, „затоа што како е можно да се спои работата за воспоставување траен мир со испораките на смртоносно оружје“.

Тој објасни дека постојат и меѓународни ограничувања во рамките на ОБСЕ, постои документ за предавање на конвенционалното оружје од 1994 година, постои документ за лесно и стрелечко оружје од 2004 година, кои им налагаат на земјите да не испорачуваат смртоносно оружје во зоните на конфликт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња