Претседателот на Русија Владимир Путин му предложи на досегашниот претседател на Државната Дума Сергеј Наришкин да застане на чело на Службата за надворешно разузнавање. Сегашниот шеф на тајната служба ќе биде назначен за претседател на советот на директори на Руските железници. Ова беше тема на разговорот на средбата меѓу Путин, Наришкин и Фрадков, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
На средбата Путин потенцирал дека треба да не се дозволи пораст на заканите спрема Русија и активно да се соработува со партнерите во борбата со тероризмот.
„Путин изрази надеж дека избирачите, кои го дадоа својот глас на неодамнешните парламентарни избори за Наришкин, ќе го уважат тоа што тој ќе мора да го даде својот мандат, истакнувајќи дека тоа исто така значи и согласност со неговото назначување за толку важен дел од работата“, изјави Песков.
Указот за назначувањето на Наришкин ќе биде потпишан во најскоро време.
Наришкин треба да почне со работа кон почетокот на октомври.
Тоа значи засилување на позициите на Службата за надворешно разузнавање, изјави поранешниот припадник на оваа специјална служба Виталиј Коротков. Според него, Наришкин е посериозна политичка фигура од Фрадков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче