Русија работи на препарати кои ќе можат да ги заменат антибиотиците

Во Русија се подготвува стратегија за борба со антимикробната резистентност, се планира опремување на лабораториите на медицинските организации за можност за нејзино откривање, соопшти министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.

Антимикробна резистенција е способноста на патогените бактерии да развијат отпорност кон антибиотици.

„Сега сме во подготовка на Национална стратегија за борба со антимикробната резистенција. Координатор е Министерството за здравство. Проблемот е сложен и интерсекторален. Направивме сопствена база и го воведовме концептот на максимално дозволени концентрации на антибиотици во прехранбените производи од животинско потекло, исто така, воведовме строга државна контрола врз движењето на антимикробните агенси во земјата. Не само за медицината, туку и за ветеринарната медицина“, изјави Скворцова.

Министерката исто така ја истакна и важноста на работата со медицинските работници.  

„Во рамките на оваа работа имаме развиено низа на чекори за правилно припишување на препарати, која вклучува меѓу другото и одредување на осетливоста на антибиотици. Во блиска иднина ќе ги засилиме специјалните програми за обука на лекарите од различни профили и ќе ги опремиме лабораториите на организациите за здравствена заштита со цел да имаат можност за идентификација на антимикробна резистентност. Конечно, ќе треба да развиеме иновативни препарати кои делуваат различно од антибиотиците и не предизвикуваат резистентност“, додаде таа.

Официјална статистика за резистентност на антибиотици во Русија нема и допрва треба да се направи, изјави Скворцова во интервју за РТ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња