Шефот на МНР Русија Сергеј Лавров на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Москва очекува писмени одговори на своите предлози дадени на последниот состанок на Советот Русија-НАТО што се одржа во јули оваа година во Брисел, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков.
„Од руска страна беше кажано дека очекуваме писмени одговори на нашите предлози презентирани на последниот состанок на Советот Русија-НАТО. Се дискутираа прашања поврзани со безбедноста на движењето во балтичкиот регион во општи црти“, изјави Мешков.
Дипломатот истакна дека „се дискутираа и некои регионални проблеми, вклучително и ситуацијата во Сирија“.
Одговарајќи на прашањето на РИА „Новости“ за проблемот со летовите над Балтикот со вклучени транспондери, Мешков изјави дека „на оваа тема се разговараше во контекст на одржување на соодветни средби на експерти на Русија и земјите-членки на НАТО“.
„Како што е познато, оваа иницијатива потекнуваше од нашите фински партнери. Руската страна активно го поддржа овој предлог. Во моментов, вклучително со учество на НАТО, се дискутира модалитетот на одржувањето на таква експертска средба. За да се одржи таква средба, потребни се писмени одговори на нашите писмени предлози кои беа дадени на состанокот на Советот Русија-НАТО, од страна на НАТО. Во секој случај руската страна е подготвена да дискутира за оние теми кои се од заемен, а не од едностран интерес“, додаде Мешков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче