„Натовците го продолжуваат зголемувањето на антиракетниот потенцијал во Европа во рамките на таканаречениот „етапен адаптивен пристап“. Ние повеќепати изразивме загриженост во врска со распоредувањето на елементи на стратешка инфраструктура во непосредна близина на нашите граници, што директно навлегува во нашите интереси во сферата на безбедноста“, изјави Рјабков на седницата на Рускиот општествен совет за меѓународна соработка и јавна дипломатија во Граѓанската комора на РФ, пренесува РИА „Новости“.
Според Рјабков, „создавањето глобална ПРО на САД, вклучително и на нејзиниот европски сегмент, несомнено, претставува дестабилизирачки фактор, затоа што на определената етапа таканареченото евроПРО може да почне да влијае негативно на ефикасноста на нашите средства за стратешко одвраќање“.
„Засега тоа ниво не е постигнато, но потенцијалот на антиракетниот штит на САД и НАТО ќе се зголемува“, убеден е заменик-министерот за надворешни работи на Русија. „На тој план го сметаме за симптоматично демонстративното несакање на Вашингтон и Брисел да ги коригираат своите противракетни планови, без оглед на постигнувањето договор за регулирање на ситуацијата околу иранската нуклеарна програма“.
Рјабков наведе дека Москва „и понатаму внимателно ќе ја следи ситуацијата и ќе работи со Европејците конзистентно за да им ги демонстрира неизбежните, несакани последици од реализацијата на американскиот проект“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче