„Не. Ние не излегуваме од договорот, напротив, сметаме дека настаните последниве денови ја потенцираа неговата суперактуелност. За жал, овој договор има премногу противници, да не речам непријатели“, изјави Рјабков, пренесува „Взгљад“.
„Ние не можеме без грижа и вознемиреност да гледаме како договорот го саботираат цела низа структури“, додаде тој.
Притоа дипломатот изјави дека „администрацијата на САД не е во состојба да го исполни она што се бара за реализација на договорот, имено – обезбедување на размеѓување на умерените и терористите, она за што се зборува од февруари секој ден многупати“.
Според Рјабков, САД не можат „да гарантираат реализација на цела низа елементи од тој договор, на што бевме сведоци последниве денови“.
Рјабков исто така истакна дека Москва не исклучува никакви опции во однос на можноста за напади врз групата „Ахрар аш-Шам“ во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче