Конгресот на САД го одобри „Актот за стабилност и демократија во Украина“ кој предвидува и испорака на Киев на смртоносно одбранбено оружје. Ова го соопшти украинската амбасада во Вашингтон на својата страница на „Фејсбук“.
Предлог-законот предвидува „понатамошна поддршка на владата на Украина за нејзините активности насочени на воспоставување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата заради одвраќање, запирање и надминување на руската агресија“, вклучувајќи „санкции, дипломатија и смртоносно оружје“.
Според предлог-законот, сѐ додека не заврши „окупацијата“ на Крим и не биде почитувана во целост „Минската спогодба“ од страна на руската страна, санкциите нема да бидат укинати.
Покрај тоа, Стејт департментот на САД, согласно предлог-законот, ќе развива стратегија за спротивставување на „руската пропаганда“.
Еден од иницијаторите на законот Елиот Ејџел изјави дека неговиот „предлог-закон ја потенцира поддршката од Америка на правото на Украина на самоодбрана и подразбира притисок врз Русија сѐ додека не ѝ биде ставен крај на нејзиното криминално поведение во Украина“.
„Актот за стабилност и демократија во Украина“ ќе стане закон единствено ако биде усвоен од соодветниот комитет во Сенатот на САД, а потоа и потпишан од претседателот на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче