Асад: Соработка меѓу Русија и САД против ИД е невозможна

Воената соработка меѓу Русија и САД во борбата против на милитантите на терористичката група „Исламска држава“ во Сирија во реалноста е невозможна, изјави претседателот на Сирија Башар Асад.

„Во пракса тоа е можно, но не и во реалноста, затоа што САД не сакаат да работат против „Џебхат ан-Нусра“ и ИД“, изјави Асад, пренесува „Взгљад“.

Асад исто така смета дека сите изјави на САД во врска со сирискиот конфликт се неверодостојни.

„Било што и било кога САД да кажат за конфликтите во Сирија во целина не е веродостојно, што и да кажат, тоа е едноставно лага“, изјави Асад, одговарајќи на прашањето дали Военото воздухопловство на Сирија или Воздушно-космичките сили на Русија извршиле воздушен напад врз хуманитарниот конвој на ООН, како што тоа го тврди Белата куќа во Вашингтон.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња