Захарова го коментираше настапот на Кери во СБ ООН за Сирија

Државниот секретар на САД Џон Кери во текот на својот говор во Советот за безбедност на ООН ја префрли одговорноста за воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз сириската армија во провинцијата Деир ез Зор врз Русија, соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Да! Ги бомбардиравме по грешка. Трагична случајност“, ги објасни Кери нападите од коалицијата предводена од Вашингтон врз сириската армија во Деир ез Зор. А потоа рече дека за сѐ е виновна Русија и конкретно Песков, „постојаниот претставник на Русија во ООН“ (како Чуркин) и Конашенков. Лавров, се разбира, се засмеа, но се гледаше дека не сфати зошто не се најде на тој список“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

„Од настапот на Кери излезе дека Путин конкретно не е виновен, но тоа, очигледно, е поради тоа што според мислењето на американската страна, тој е виновен глобално и за сѐ барем веќе околу 300-400 години. Класичен жанр. Сѐ се менува, освен американската пропаганда: првин бомбардирај ги со десетици убиени, а потоа префрли ја вината врз „оската на злото“, веднаш предлагајќи да застанеш на чело на борбата со вселенското зло“, додаде таа.

Захарова истакна дека настапот на Кери завршил со благодарност до публиката за трпението. „И токму во тоа тој е 100% во право. Затоа што веќе сакавме да ги исполниме инструкциите на руските граѓани со кои тие нѐ испратија на Генералното собрание“, изјави таа, без да објасни на што мисли.

Претходно во средата државниот секретар на САД Џон Кери повика кон навраќање на прашањето за забрана на летовите во Сирија: според него, договорот меѓу Русија и САД предвидувал сириското воено воздухопловство да не врши летови.

Зборувајќи за размеѓувањето на таканаречената умерена сириска опозиција од терористите, Кери изјави дека е „многу сложено“ да се направи тоа во услови на „неразбирливи“ воздушни удари, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња