Русија го собори рекордот во дневно производство на нафта

На 8 септември во Русија беа произведени над 11 милиони барели нафта.

Русија постави нов историски рекорд во просечното дневно производство на нафта, соопшти агенцијата ТАСС, повикувајќи се на изјава на заменик-министерот за енергетика на Русија Кирил Молодцов.

Според него, овој показател на 8 септември ја надминал цифрата од 11 милиони барели. Уште во јуни 2016 година РФ произведуваше 10,136 милиони барели нафта дневно.

Производството на нафта во Русија веќе неколку години е во пораст. ВО 2015 година руските нафтени компании произведуваа 10,726 милиони барели нафта и гасен кондензат дневно. Само во текот на минатата година беа произведени над 534 милиони тони нафта, што е за 1,4% повеќе од претходната година.

Според податоците на Агенцијата за статистика на Русија, во јуни 2016 година РФ произведувала 10,136 милиони барели нафта дневно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња