НАТО го одби предлогот на Русија за безбедни летови над Балтикот

Североатлантската алијанса го отфрли предлогот на Русија според кој летовите на воените авиони над Балтикот треба да се вршат единствено со вклучен транспондер.

НАТО смета дека наведените мерки нема да бидат доволни за подобрување на безбедноста и спречување на летовите на руските авиони паралелно со воените пловила или авиони на западните земји, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Притоа изданието истакнува дека клучните сојузници на НАТО се заинтересирани за унапредување на воениот дијалог со Москва и е надеваат на продолжување на преговорите со руските официјални претставници кои работат над нови мерки на безбедност на воздушниот сообраќај.

Претходно на 2 јули министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу наложи да се изготват предлози за изработка на систем на мерки на доверба кои ја зголемуваат безбедноста на летовите на авијацијата во регионот на Балтичкото море.

На 1 јули претседателот на Финска Саули Ниинисте му предложи на претседателот на Русија Владимир Путин да се договорат за забрана на летовите на авионите над Балтичкото море со исклучени транспондери со цел избегнување на несакани инциденти. Путин се согласи со предлогот, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња