МО РФ: Над хуманитарниот конвој на ОН кај Алепо леташе американски дрон

Офанзивното беспилотно летало „Предатор“ на коалицијата предводена од САД е забележано кај Урум ел Кубра во текон на нападот врз конвојот на ОН, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.

„Вечерта на 19 септември, точно во реонот каде што се наоѓаше хуманитарниот конвој на ОН, на висина од 3600 метри се наоѓаше офанзивно беспилотно летало на коалицијата предводена од САД кое леташе со брзина од 200 км/ч“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад“.

Тој додаде дека „рускиот систем за надзор на воздушниот простор го идентификуваше леталото како дрон од типот „Предатор“. „Предаторот“ полетал од турската база Инџирлик и го напуштил реонот на Урум ел Кумбра половина час по инцидентот со хуманитарниот конвој.

„Сакам да потенцирам дека, како и во случајот со трагедијата во Деир ез Зор на 17 септември, кога како резултат на воздушниот напад на коалицијата загинаа и беа ранети повеќе од 200 луѓе, ние на изведуваме неосновани заклучоци. Прашањето е со каква цел овој дрон се наоѓаше во наведената точна во потребното време и какви задачи извршуваше таму, знаат неговите сопственици“, изјави Конашенков.

Според него, дронот што се наоѓал во реонот на напад врз хуманитарниот конвој може не само да ја набљудува ситуацијата, туку и да нанесува удари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња