Медиуми: Полска планира да формира нов сојуз против Русија

Идејата за такво здружување се роди уште на почетокот на минатиот век, кога полскиот маршал Јозеф Пилсудски се заложил за создавање сојуз на држави со цел спротивставување на империјалистичките намери на Германија и СССР.

Плашејќи се од „агресивната“ надворешна политика на Москва, земјите од Источна Европа сѐ почесто размислуваат за потребата од нов блок кој би ги заштитил од „имеријализмот“ на Русија, пишува „Тагес-Анцајгер“.

Поради настаните во Украина НАТО почна да го проширува своето присуство во Источна Европа за „заштита на своите сојузници“. Сепак, не мислат така сите земји во регионот. Тие дискутираат за формирање сопствен блок, во кој ќе членуваат како членки на НАТО, така и земји кои не се дел од организацијата, истакнува изданието.

Идејата за такво здружување се роди уште на почетокот на минатиот век, кога полскиот маршал Јозеф Пилсудски се заложил за создавање сојуз на држави со цел спротивставување на империјалистичките намери на Германија и СССР. Во Полска таквата концепција е популарна и денес – претседателот на земјата Андреј Дуда повеќепати има зборувано за потребата од нејзина реализација за заштита од „руската закана“, се вели во статијата.  

Се претпоставува дека сојузот под назив „Меѓуморје“ треба да ја опфати територијата од Балтичкото до Црното море и да ги обедини поранешните советски републики. Поради тоа што неговите членки ќе бидат врзани со договор за заемна помош, тие ќе можат да покажат единство и да ѝ дадат на Русија сигнал дека се подготвени за заедничка заштита од нејзината „агресија“. На тој начин државите од Источна Европа ќе престанат да изгледаат како „лесен плен“ за Москва, потенцира изданието.

И макар што денес идејата за таков блок на многумина им се чини како утопија, во случај надворешната политика на Русија да не се промени следниве неколку години, а НАТО и ЕУ да не можат да ѝ обезбедат на Источна Европа заштита, веројатноста за создавање на „Меѓуморје“ значително ќе порасне, се вели во заклучокот на статијата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња