Светската антидопинг агенција (ВАДА) би можела да го изгуби влијанието и целосно да исчезне во сегашниот облик, пишува весникот „Гардијан“.
ВАДА се плаши дека Меѓународниот олимписки комитет ќе реши да ја замени агенцијата со некоја друга структура и на тој начин ќе ја казни поради апелот на сите руски спортисти да им се забрани учество на Олимписките игри во Рио, истакнува британскиот весник.
Вчера во еден од аналитичките центри на агенцијата беше одржана дискусија на тема плановите на МОК за основање „одделение за професионална етика“ кое би можело да преземе врз себе дел од овластувањата на агенцијата. Се претпоставува дека тоа одделение би можело да се занимава со борба против корупцијата, наместените натпревари и примената на забранети препарати.
Слична идеја изнесе и членот на олимпискиот комитет од Аргентина Херардо Вертхајн, кој изјави дека Светската антидопинг агенција „го измами спортското движење“. Аргентинецот ја критикуваше ВАДА поради „очигледниот обид да ја префрли на други одговорноста за сериозните проблеми на целиот систем“.
Според Вертхајн, агенцијата не успеала да ги исполни своите обврски, што значи дека е време МОК да размисли за организација кој би можела да ја замени ВАДА.
„И покрај различните истражувања, ние не добивме адекватен одговор зошто ВАДА порано не реагирала на ситуацијата во Русија, ако најмалку од 2010 година знаела за проблемот со допингот. И не само тоа, туку агенцијата повеќе пати потврди дека Националната антидопинг агенција на Русија г задоволува сите барања и повеќе пати ја продолжуваше акредитацијата на московската антидопиnг лабораторија пред Олимпијадата во Сочи“, изјави Херардо Вертхајн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче