САД ќе ги разгледаат перспективите на соработката со Русија за Сирија

По вчерашното гранатирање на хуманитарниот конвој на ООН во Сирија, САД повторно ќе ја разгледаат соработката со Русија.

САД повторно ќе ги разгледаат односите со Русија околу прашањето за соработката во рамките на сириското решение поради гранатирањето на конвојот со хуманитарна помош на ООН, соопшти Стејт департментот повикувајќи се на изјавата на портпаролот Џон Кирби.

„САД ќе го покренат прашањето со Русија. Имајќи ги предвид флагрантните кршења на прекинот на огнот, ние повторно ќе ги разгледаме перспективите на соработката со Русија“, стои во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Претходно беше соопштено дека хуманитарниот конвој на ООН, наменет за две населени места во провинциите Алепо и Хомс за повеќе од 160 илјади луѓе, бил нападнат. Постојаниот претставник на Саудиска Арабија во ООН ги обвини за нападот владините сили на Сирија.

Во гранатирањето загинаа најмалку 12 лица. Администрацијата на американскиот претседател е уверена дека нападот бил извршен од сириските владини сили или руските Воздушно-космички сили.

„Знаеме дека авионскиот напад не беше извршен од страна на коалицијата (предводена од САД – заб. на ред.). Не знаеме дали тоа беше Русија или режимот (на сирискиот претседател Башар Асад)“, изјави за „Вашингтон Пост“ претставник на Белата куќа. „Во секој случај, Русите имаат доволно памет да не го прават тоа и во исто време да се оградат од дејствијата на режимот“, додаде тој.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња