Премиер на Шведска: нема директна закана од Русија

Премиерот на Шведска Стефен Ловен изјави дека Русија не претставува закана за Шведска.

Премиерот на Шведска Стефан Ловен ги негираше претпоставките за тоа дека зад одлуката за распоредување на војници на постојана основа на островот Готланд во Балтичкото море стои растечката воена закана од Русија, соопштува информативниот портал „Локал“.

Премиерот на Шведска изјави дека таа информација е неточна.

„Сум го кажал тоа претходно и тоа останува непроменето: директна воена закана за Шведска нема“, изјави премиерот за шведската информативна агенција TT во текот на својата посета на Њујорк.

Минатата недела беше соопштено дека по неколку години отсуство, шведската војска ќе се врати на островот Готланд во Балтичкото море, при што тоа ќе го стори побрзо од предвиденото – до летото 2017 година, наместо 2018.

Шефот на Министерството за одбрана на Шведска Петер Хултквист, коментирајќи ја минатата недела таа одлука, потенцираше дека не постои закана од напад, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња