Министерската за здравство на Русија спаси патничка во авион

Министерката за здравство на Русија половина час ѝ даваше прва помош на патничка во авионот кој леташе за Њујорк, изјави соработничка на рускиот ТВ-канал РТ.

„Пред наши очи на една жена во соседниот ред ѝ се слоши. Многу побледна и се онесвести. Стјуардесите ги прашаа патниците дали во авионот има лекар кој би можел да даде прва помош. Половина час министерката и нејзиниот тим се занимаваа со реанимација на патничката. Донесоа куферче со комплет опрема. Скворцова ја слушаше пациентката со стетоскоп и ѝ го опипуваше пулсот. Потоа ѝ дадоа прва помош“, раскажа соработничката на РТ Елизавета Бродскаја.

Претходно беше соопштено дека министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова ѝ дала прва помош на патничка на која ѝ се слошило во текот на летот за Њујорк.

Авионот итно слетал во Санкт Петербург. Патничката била пренесена во една од болниците во градот, по што авионот го продолжил својот лет за Њујорк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња