Медиуми: Во САД расте бројот на приврзаници на Путин

Без оглед на тоа што западните лидери не престануваат да го критикуваат претседателот на Русија Владимир Путин, бројот на негови приврзаници во САД само расте.

Согласно анкетата спроведена во август од страна на „ЈуГов“ (YouGov) и „Економист“ (The Economist), само 27% од регистрираните републиканци имаат негативен став спрема рускиот претседател, иако пред две години овој показател изнесуваше 66%. Притоа 85% републиканци го нарекуваат Путин силен лидер, додека само 18% испитаници го изјавиле исто тоа за претседателот на САД Барак Обама.

„Мислам дека тој е единствениот лидер на голема држава кој се истакнува во денешно време. Тој дејствува во интерес на својата земја и не го крие тоа“, изјави испитаникот Џеф Гриморд од Калифорнија, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Забележливо е дека меѓу поддржувачите на кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп има уште повеќе симпатизери на Путин. Секој трет Американец, симпатизер на Трамп, изјавил дека има позитивно мислење за Путин.  

Трамп веќе потврди дека го смета лидерот на Русија за „посилен лидер од Барак Обама“, но притоа тој „не му се умилкува“ на рускиот лидер.

Работата на Путин повеќепати ја истакнуваат надвор од границите на Русија. Во ноември мината година, претседателот на Русија трета година по ред беше прогласен за највлијателен човек на светот според верзијата на американскиот магазин „Форбс“.

Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека таквото признание се објаснува со активноста на рускиот лидер на меѓународната сцена, пишува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња