Кремљ: Постапките на САД се закана за сириското решение

„Ноќеска терористите на „ан-Нусра“ во неколку реони преминаа во офанзива. Ние знаеме дека сириските вооружени сили, кои во текот на целата недела беа единствените кои го почитуваа примирјето, беа принудени да одговорат на таа офанзива“, истакна портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј песков изјави дека Американците не успеаја да ги разграничат терористите од умерената опозиција во Сирија.

„Ноќеска терористите на „ан-Нусра“ во неколку реони преминаа во офанзива. Ние знаеме дека сириските вооружени сили, кои во текот на целата недела беа единствените кои го почитуваа примирјето, беа принудени да одговорат на таа офанзива“, истакна Песков, пренесува „Лента.ру“.

Според неговите зборови, ваквите потези го загрозуваат целиот процес и предизвикуваат сериозна загриженост во Кремљ.

Надежите дека примирјето во Сирија ќе биде обновено засега се многу слаби“, додаде Песков.

„Условот за тоа е многу едноставен: неопходно е да биде запрен огнот и терористите да престанат да ги напаѓаат Вооружените сили на Сирија. И, се разбира, не би било лошо кога нашите американски колеги би престанале случајно да ги бомбардираат Сиријците“, изјави тој, одговарајќи на прашањето под кои услови би било можно примрјето.

„Нашите американски колеги сепак не успеаја да ги разграничат терористите од умерената опозиција“, заклучи портпаролот на Кремљ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња