Европската унија не ги признава избраните пратеници Државната Дума од Крим, затоа што ги смета за нелегитимни изборите на полуостровот, изјави за РИА „Новости“ претставник на ЕУ.
Претходно портпаролот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека ЕУ не го признава спроведувањето на изборите на полуостровот, затоа што го нема признаено влегувањето на Крим и Севастопол во состав на Русија.
Коментирајќи ја таа изјава, претставникот на ЕУ прецизираше дека „сите членови на Државната Дума кои претендираат на застапување на интересите на Крим или Севастопол нема да бидат признаени како претставници на овие територии кои се украински“.
„Спрема нив ќе се однесуваат согласно политиката за непризнавање на ЕУ (за влегувањето) на Крим и Севастопол (во состав на Русија)“, изјави соговорникот на агенцијата кој сакаше да остане анонимен.
На Крим беа формирани три едномандатни окрузи, во Севастопол – еден. Пред гласањето претседателот на Украина Петро Порошенко ги повика земјите на Г-7 и ЕУ да не ја признаваат легитимноста на изборите на полуостровот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче