„Подготвени сме да го продолжиме режимот на прекин на борбените дејствија, истовремено зацврстувајќи го и проширувајќи ја испораката на (хуманитарна) помош. Ќе ги продолжиме консултациите со нашите руски колеги, како и претходно ги повикуваме да го искористат своето влијание врз Асад со таа цел“, се вели во изјавата на Кирби.
„Ги видовме коментарите на сириската војска, но нашиот договор со Русија, која одговара за (негово) почитување од страна на сирискиот режим, затоа очекуваме од Русија разјаснување на својата позиција“, се истакнува во документот што го пренесува РИА „Новости“.
Стејт департментот истакнува дека склучениот договор со РФ јасно ги означува условите за нормализација и заедничкЦеа работа за регулирање на конфликтот во Сирија.
„Треба да има проширена и стабилна испорака на хуманитарната помош и седум дена почитување на режимот на прекин на борбените дејствија пред да можеме да преземеме понатамошни чекори во рамките на договорот, такви како што е формирање на заеднички центар за реализација“, изјави Кирби.
Сепак, порталот „Взгљад“ известува дека рускиот Центар за помирување на завојуваните страни соопшти дека терористичката група„Џебхат ан-Нусра“ почнала офанзива во југозападните предградија на Алепо врз позициите на сириските владини сили, при што се водат жестоки борби на кои им претходело гранатирање од страна на терористите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче