Претседателот на Русија Владимир Путин на вработените и ветераните во воената индустрија им го честиташе професионалниот празник и истакна дека Русија му посветува приоритетно внимание на развојот на воената индустрија и најновите модели на вооружување.
Телеграмата е објавена на сајтот на Кремљ.
Според Путин, Русите се горди на „многу генерации руски конструктори на оружје и оружари кои од древни времиња беа познати според својот талент, вештината, мајсторството и креативниот пристап“.
„Државата му посветува приоритетно внимание на развојот на воената индустрија, проектирањето нови модели на вооружување. Уверен сум дека, потпирајќи се на моќниот интелектуален, научнотехнички потенцијал на оваа индустриска гранка, на исклучителните професионални традиции и единственото искуство кое го насобраа вашите претходници, вие и понатаму совесно ќе работите, придонесувајќи за одбранбената способност на земјата и јакнењето на водечките позиции на домашните производи на светскиот пазар на воена техника“, истакна рускиот претседател во телеграмата, пренесува „Взгљад”.
Денот на оружарите во Русија е празник на сите вработени во одбранбената индустрија, конструкторите на оружје и стручњаците кои се занимаваат со историјата на развојот на оружјето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче