Поклонскаја му препорачува на Порошенко да побара стручна помош

Јавната обвинителка на Крим го оцени предлогот на украинскиот претседател Петро Порошенко за проширување на црните листи и воведувањето санкции спрема руските државјани кои ќе освојат мандати на изборите за Државната Дума на територијата на Крим како ненормален.

Претседателот на Украина Петро Порошенко наложи веќе постојните списоци со санкции да се дополнат со лица кои на територијата на Крим учествуват во изборите за Државната Дума, како и да се вклучат во нив и членовите на изборните комисии.

„Тие изјави би можела да ги оценам како настрани, луди, спрема нив не може да се има сериозен однос. Во овој тоа дури и не е смешно, овде на другарот Порошенко му е потребна помош од психијатар, бидејќи очигледно сам не може да се справи“, изјави јавниот обвинител на Крим Наталија Поклонскаја, пренесува „Лента.ру“.

Порошенко веќе се стави самиот на „најстрашните списоци на овој свет, со своите постапки и илјадниците тела на невините луѓе, деца и старци кои ги има на својата совест“, рече Поклонскаја.

Како што истакна таа, обидите да се стават Кримјаните на нови списоци се само уште еден проблем исклучително на украинските власти.

На Крим, каде избори се одржуваат првпат, отворени се три едномандатни окрузи, а во Севастопол еден. Право на глас имаат околу 1,8 милиони жители на полуостровот, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња