Медиум: НАТО објави кога ќе пристигнат „силите за одвраќање на Русија“

НАТО ќе распореди нови „сили за одвраќање“ во балтичките земји и Полска во мај 2017 година.

НАТО ќе распореди нова група „сили за одвраќање“ во балтичкиот регион во мај 2017 година, некои единици ќе пристигнат на местото на базирање на претходната група, изјави претседателот на Воениот комитет на Алијансата, генералот на армија на Вооружените сили на Чешката Република Петар Павел.

Изјавата беше дадена по состанокот на комитетот во хрватскиот град Сплит, истакнува весникот „Вол Стрит Џурнал“. Таму военото раководство на НАТО дискутираше за условите и правилата за распоредување на четири илјади војници во балтичките земји и Полска.

Одлуката за распоредување на четири дополнителни мултинационални баталјони во регионот за одвраќање на Русија беше донесена на самитот на НАТО во Варшава. Канада ќе испрати војници во Латвија, Германија во Литванија, Велика Британија во Естонија, а САД – во Полска.

„Зборувајќи за овие четири борбени групи, имаме предвид не само присуство со цел тренинг. Тие сили треба да служат како средства за одвраќање и, по потреба, офанзива“, ги цитира весникот зборовите на генералот Павел.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња