На видеото кое трае една минута, покажан е топот, муницијата од 30 мм и пробната стрелба, соопштува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Изворите велат дека топот е модернизирана верзија на орудието ГШ-30-1.
Топот е идеален за авионот – тежи само 50 килограми и со право се смета за најлесниот топ на светот. Уникатната автоматика му овозможува до 1800 истрели во минута. Карактеристика на топот е неговиот систем за ладење на цевката.
Топот може да користи разновидна муниција и да неутрализира лесно оклопни копнени, надводни и воздушни цели.
Во однос на копнените цели, топот е ефикасен на далечина до 1, илјади метри, додека за воздушни – до 1200 метри. Орудието претходно беше тестирано на ловец Су-27СМ.
Според мислењето на воените експерти, присуството на најнови системи за нишанење кај Т-50 значително ќе ја зголеми ефикасноста на примената на авионскиот топ, кој во некои случаи е покорисен од скапите ракетни системи.
Видеото од испитувањата можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.