Обама ги наведе условите под кои САД нема да соработува со РФ во Сирија

САД нема да соработуваат со Русија за Сирија доколку не бидат исполнети клучните услови за намалување на насилството во земјата и обезбедување хуманитарен пристап, изјави претседателот на САД Барак Обама на средбата со членовите на Советот за национална безбедност, соопшти Белата куќа.

„Претседателот изрази длабока загриженост поради тоа што, без оглед на намалувањето на степенот на насилство во земјата, сирискиот режим продолжува да ја блокира испораката на хуманитарната помош. Претседателот потенцираше дека САД нема да го продолжуваат понатамошното важење на договорот со Русија додека не видиме седум дена непрекинато намалување на насилството и постојано доставување на хуманитарната помош“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Зборувајќи за борбата со „Исламската држава“, американскиот лидер истакна дека во Ирак терористите веќе загубија околу половина од територијата што претходно ја контролираа, а на северот на Сирија партнерите на САД успеаја да ја затворат границата со Турција.

Во понеделникот, 12 септември, стапи на сила пакет-договорот меѓу Русија и САД за Сирија, кој предвидува 48-часовно примирје кое трае 48 часа, а потоа се продолжува на уште 5 дена. Потоа Заедничкиот извршен центар треба да започне со практична работа за координирање на нападите врз цели на „Џебхат ан-Нусра“, „Исламската држава“ и другите терористи во договорените реони каде активностите на сириската авијација ќе бидат запрени.

Претходно портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека властите на Сирија ја блокираат испораката на хуманитарна помош на територијата на земјата и дека Русија треба да влијае врз нив.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња