Генералштабот на Вооружените сили на Руската Федерација го сумираше петтиот ден од одржувањето на режимот на прекин на борбените дејствија во Сирија, соопшти во саботата преку видеоконференција првиот заменик на началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот генерал-потполковник Виктор Познихир.
„Сé уште се забележува континуиран број на нарушувања на режимот на прекин на огнот од страна на опозициските вооружени банди“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.
„Во изминатото деноноќие договори за примирје се потпишани со претставници на уште четири населени места“, соопшти Познихир. „Севкупно нивниот број изнесува 627“.
Генералот им покажа на новинарите на екран видеозаписи од гранатирањата на бунтовниците врз станбените населби и позициите на владините сили во Дамаск и Хама, регистрирани на 16 септември.
„Постојаното гранатирање, неисполнувањето од страна на нелегалните вооружени групи на прекинот на борбените дејствија, отсуството на контролен пункт во источниот дел на патот „Кастело“, контролиран од страна на милитантите, не овозможуваат осигурување на безбедноста на испораката на хуманитарната помош во Алепо“, рече Познихир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче