Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид објави соопштение по повод изборите за пратеници во Државната дума на Руската Федерација.
„Во согласност со Федералниот закон за избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација и Указот на Претседателот на Руската Федерација, на 18 септември 2016 година во Руската Федерација ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума.
Со цел да се реализираат избирачките права на руските граѓани кои живеат на територијата на општините кои влегуваат во конзулскиот округ на Почесниот конзул на Русија во Охрид (Охрид, Дебарца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Ресен, Струга, Центар Жупа) во просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид е отворено гласачко место, кое е отворено денес 16 септември 2016 г., од 8:00 до 20:00 ч.
Руските граѓани со постојано место на живеење во Македонија или кои се наоѓаат тука по приватни покани, во службени, работни или туристички посети, можат да учествуваат во изборите, при што со себе треба да имаат важечки руски пасош“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче