САД првпат ѝ предадоа на Русија податоци за позициите во Сирија на силите на опозицијата кои се под контрола на САД: нивната првична анализа покажува дека разграничувањето на умерената опозиција и терористите сѐ уште не е направено.
Ова го соопшти специјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија во целните групи за прекин на огнот и хуманитарни прашања во Женева полковник
Александар Зорин во текот на видеоконференцијата со Националниот центар за управување со одбраната на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Според него, руската одбрана ги добила документите во текот на средбата со претставниците на Пентагон и специјалните служби на САД во Женева.
„Материјалите што ни беа предадени денеска во врска со реоните на дејствување на вооружените формации под контрола на САД се проучуваат. Но нивната првична анализа покажа дека не може да се направи поделба меѓу умерената опозиција и „Џебхат ан-Нусра“, изјави Зорин.
Тој потенцираше дека во контактите со американската страна особено внимание Русија му посветува на „спроведување на барањата за итно обезбедување на информации кои се неопходни за разграничување на териториите под контрола на терористите и на опозицијата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче