Русија доби концесија за експлоатација на нафта и гас во Црна Гора

Руско-италијански конзорциум почнува со истражувања на нафта и гас во црногорското приморје.

Владата на Црна Гора потпиша на 14 септември договор за концесија за истражување и експлоатација на нафта и гас во континенталниот гребен на Црна Гора со конзорциум составен од руската компанија НОВАТЕК (НОВАТЭК) и италијанската „Ени“ (Eni).

Договорот за концесија го потпишаа министерот за економија на Црна Гора Владимир Кавариќ и претставниците на руско-италијанскиот конзорциум Андреј Попов и Карло Вито Русо, пренесува „Комерсант“. Се работи за концесија на четири блокови со вкупна површина од 1,2 илјади квадратни километри во територијалните води на Црна Гора, пренесува РБК

 На тој начин, по седум години, колку што беше потрошено за одржување на меѓународниот тендер и подготовката на договорот, истражувањето на нафта и гас на црногорското приморје може да започне. Извор од владејачката структура на Црна Гора изјави дека работите најверојатно ќе започнат до крајот на оваа година.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Тој го нарече настанот историски за Црна Гора, која „со векови го чекаше овој ден“ и заклучи: „Енергетски независните држави се стабилни држави“. Владимит Кавариќ додаде дека „договорот се потпишан со најдобрите“.

Компаниите имаат обврски да направат три главни и една дополнителна бушотина. Во првата фаза од истражувањето, инвестициите ќе изнесуваат 85 милиони евра, а во втората уште 12 милиони евра. Концесијата се издава на 30 години.

Според локалните политичари и експерти, одлуката на црногорската влада има не само економско, туку и политичко значење: и покрај плановите за влез во НАТО, Црна Гора покажува подготвеност да одржува добри односи со Русија.

„Секогаш сме кажувале дека членството во НАТО нема да ги наруши нашите пријателски односи со Русија“, изјави извор од владата на Црна Гора. „Потпишаниот договор само го потврдува тоа“.

Аналитичарот Иљдар Давлетшин смета дека ова е пилот проект на НОВАТЕК, затоа што резервите не се потврдени. Сепак, во последната деценија во Средоземното Море се пронајдени значителни наоѓалишта на фосилни горива (во Израел и Египет), додава тој, и истакнува дека добрата страна на ова наоѓалиште е неговата близина до Европската унија, пренесува РБК.

Експертот Роман Казмин смета дека проектот е многу перспективен сериозен, за што сведочи учеството на италијанската компанија. Тој додава дека руската компанија НОВАТЕК е под санкции и дека проширување на бизнисот во Европа за неа би било важно и од правна гледна точка, пренесува „Ведомости“. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња