Путин го коментираше допинг-скандалот околу сестрите Вилијамс

Навидум здрави спортисти легално земаат препарати што се забранети, а луѓето кои очигледно страдаат од тешки болести, тежок инвалидитет, се исклучуваат од Параолимписките игри само врз основа на сомневање дека зеле некои препарати, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Несфатливо е здрави спортисти да земаат забранети препарати, а лицата со посебни ги исклучуваат од Игрите врз основа на сомневање, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во разговорот со лидерите на Заедницата на независни држави.

„Ние не го поддржуваат она што го прават хакерите, но тоа што го сторија мора да биде интересно за меѓународната заедница, пред сѐ за спортската заедница. Се поставуваат голем број прашања. Навидум здрави спортисти легално земаат препарати што се забранети за другите, а луѓето кои очигледно страдаат од тешки болести, тежок инвалидитет, се исклучуваат од Параолимписките игри само врз основа на сомневање дека зеле некои препарати“, изјави Путин, пренесува „Взгљад”.

Претседателот на Русија додаде дека тоа е несфатливо.

Темата за хакирањето на базата на податоци на претседателите ја начнаа во врска со тоа што Путин во текот на својот говор упати честитки до претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев за успешното одржување на Игрите на номади. „Тоа што претседателот на Киргистан одржа толку големи и интересно натпреварување е исклучително добро, ви честитам“, рече Путин.

На тоа киргистанскиот лидер истакна дека главната предност на Игрите на номадите е во тоа што тие не се политизирани.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња