Во Русија живее двојничка на Ангела Меркел

Галина Чувина порано работела како инженер-програмер, а хоби ѝ е фрлање ножеви.

Во градот Сасово во Разањската област живее жена која исклучително личи на канцеларката на Германија Ангела Меркел, пишува „Комсомолскаја правда”.

64-годишната пензионерка Галина Чувина, која соседите ја нарекуваат баба Гаља, порано работела како инженер-програмер во еден од затворените градови на СССР. Сега е во пензија, но работи како гардероберка на базен.

Во слободно време Галина Чувина се занимава со фрлање ножеви. Во ова хоби има постигнато значителни успеси: на светското првенство во Калининград 2008 година постави два светски рекорди и освои 545 поени од можни 600.

На прашањето дали знае дека личи на германската канцеларка, Галина одговара дека не обрнува внимание на тоа.

„Да, многумина ми го велат тоа... Само јас на тоа не обрнувам внимание“, признава таа.

Видеото од интервјуто со Галина Чувина можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња