Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека Русија е подготвена да ѝ помогне на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во истрагата на сајбер-нападите врз нејзиниот компјутерски систем.
Како што изјави Песков, Москва секако ќе одговори „ако се работи за барање помош“ и „ако пристигне такво обраќање“.
„Русија доследно се залага за борба против компјутерскиот криминал, доследно ги повикува сите земји и меѓународни организации на соработка во оваа област. Ваквиот став на Русија, исто така, е добро познат“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Претходно генералниот директор на Светската антидопинг агенција Оливије Нигли изрази уверување дека сајбер-нападите потекнуваат од Русија и побара од Москва да помогне во борбата против хакерите.
Во четвртокот групата хакери позната под името „Фенси Беарс“ објави нов пакет документи во кој се наоѓаат имиња на спортисти во чии примероци за допинг-тестирање се пронајдени забранети препарати. Меѓу нив се наоѓа и името на рускиот боксер Миша Алојан, освајувач на сребрен медал во Рио, кој заедно со својот тренер ги демантираше обвинувањата за употреба на допинг.
Светската антидопинг агенција ја потврди автентичноста на податоците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче