Руската војска започна на 15 септември да врши видео пренос од градот Алепо кој се наоѓа под контрола на милитантите на „Џебхат ан-Нусра“.
Преносот се врши „со цел обезбедувањет транспарентност на исполнувањето од страните на режимот на прекин на борбените дејствија“, се наведува на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.
Сликата се пренесува од две камери за видео надзор во реоните Ел-Халидија и Тел-Џобекж и од беспилотно летало кое ја набљудува ситуацијата во источните делови на Алепо.
На кадрите од преносот во моментот на пишување на веста се гледаат руски војници во борбена опрема. Притоа не се врши пренос на звук.
Како што изјави за „Руска реч на македонски“ портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, воениот ресор понатаму ќе го зголеми бројот на камери за онлајн емитување на ситуацијата во Сирија.
Пред една недела, на 9 септември во Женева шефовите на дипломатиите на Русија и САД Сергеј Лавров и Џон Kери постигнаа договор за план од повеќе фази за нормализирање на ситуацијата во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче